Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Симовски: Изборите и пописот немаат никаква врска

(ВИДЕО) Симовски: Изборите и пописот немаат никаква врска

Директорот на Државниот завод за статистика  Апостол Симовски, за емисијата фактор магазин вели дека изборите немаат никаква врска со пописот кој е се поверојатно дека оваа институција ќе го спроведе во 2021 година.

Немањето на попис во Македонија предизвикува проблеми во сите сфери на животот на општеството но нема никаква врска со избирачкиот список, вели  Апостол Симовски.

Тој потенцира дека подготовките за попис веќе се почнати со што не очекуваат никакви проблеми во однос на тоа дали ќе бидат подготвени или не да го спроведат.

Гледајте вечерва Фактор магазин во 20.45 часот на Телевизија 24.

Соговорници во емисијата на новинарот Горазд Чомовски ќе му бидат  новиот директор на ДЗС Апостол Симовски, академик Абдулменаф Беџети, Јана Мелоска од Хелтгрупер, Цветан Симеонов, претседател на Бугарската стопанска комора.

На крајот од политичко економскиот магазин со проф.Венко Цветков следува разговор за муралството. 


Слично

Поврзани вести