Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Си го истетовира Митко Јанчев на ногата

(ВИДЕО) Си го истетовира Митко Јанчев на ногата

Тату-студио објави видео од непознат лик со тетоважа од ликот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на десната подколеница. Под делото пишува „Мито е Тито“.

Ова е прв пат да се појави тетоважа во јавноста од политички лик на локално ниво. Претходно имаше примери со дела од поранешниот премиер Никола Груевски кај неготинецот Мирче Ризов и од поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кај штипјанецот Ангеле Зафиров.

Јанчев за „Фокус“ изјави дека не го познава лицето кое се истетовирало, но дека не го одобрува тоа бидејќи создаваат култ на личноста кај политичарите.


Слично

Поврзани вести