Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Што треба да знаеме за британскиот сој на коронавирусот?

(ВИДЕО) Што треба да знаеме за британскиот сој на коронавирусот?

Во земјава веќе е детектиран британскиот сој на коронавирусот. 

Она што треба да го знаеме е дека симптомите се слични како и кај првата варијанта: висока температура, непрекинато кашлање, губење на мирис и вкус. Тој ги напаѓа помладите, но и децата. Откако вирусот ќе го напушти нивното тело, може и натаму да чувствуваат тешко дишење и болки во мускулите и зглобовите. Оваа варијантата е позаразна од претходните, но доказите не укажуваат на тоа дека сојот е посмртоносен. 

Министерството за здравство соопшти дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. 

Се работи за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен. 

Министерот за здравство, Венко Филипче даде детали околу новиот сој во вестите на Канал 5, а видеото го објави на Фејсбук. 

„Нема место за паника, но да останеме максимално одговорни и претпазливи. Да ги почитуваме мерките за заштита без исклучок“, пишува тој на Фејсбук. .


Британскиот сој на коронавирусот го има во повеќе од 50 држави во светот. 

Коронавирусот има и мутација од Јужна Африка, како и нов сој од Бразил, но овие мутации се откриени во помал број на земји.

Слично

Поврзани вести