(ВИДЕО) Што горат во Враништа, со денови густ чад над селото
Густ црн чад и денеска во село Враништа, на два километри од Струга, објави News1.
Жителите од селото за медиумот велат дека ова се случува секојдневно, а никој не реагира. Тие се плашат за своето здравје.
– Кој знае што вдишуваме, ова е секојдневна слика кај нас. Гледаме дека група граѓани покрај реката Црн Дрим палат кабли и како што коментираат соседиве за да се извади бакарот од средишниот дел на кабелот. Значи ова не се трпи повеќе. Ги молиме надлежните да превземат нешто, коментираат жителите од Враништа за NEWS1.
Слично
