Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Штајнмаер и Атиџе Муратова разменија тегли со мед

(ВИДЕО) Штајнмаер и Атиџе Муратова разменија тегли со мед

Во посета на Македонија овие два дена е германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој заедно со неговиот македонски домаќин, Стево Пендаровски денеска ја посетија Старата скопска чаршија. 

Тие беа гости во работилница за изработка на филигран и имаа можност одблиску да се запознаат со процесот на производство на накитот, потоа пиеја чај, а во Националната галерија „Чифте амам“ имаа средба со тимот од „Медена земја“ и проследија инсерти од филмот.

Штајнмаер во „Чифте амам“, се запона и со Атиџе Муратова со која си разменија тегли со мед. Муратова ја искористи приликата да му подари тегла од својот мед на високиот гостин кој, пак, ѝ возврати на идентичен начин и со идентичен подарок – тегла мед од негово производство од замокот Берлин.

Германскиот претседател вчера се обрати во Собранието и кажа дека  Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та, но прво мора да се посвети на внатрешните реформи.

Вели дека акцентот треба да биде поставен на сегашноста и иднината, а не кон минатото.

Слично

Поврзани вести