(Видео) Шилегов: Ви ветија Клинички центар кој никаде го нема
Петре Шилегов од СДСМ им вети на граѓаните дека ќе биде изграден нов Клинички центар кој на едно место ќе ги нуди сите медицински услуги, а потсети дека власта вети, но се уште никаде ја нема долго очекуваната скапа градба.
- Здравствените услуги ќе бидат високо квалитетни. Ќе го вратиме концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Нема да ве препраќаат како досега од клиника во клиника. Овие тараби зад мене што сведочат за неодговорните криминални политики на досегашната власт, ќе бидат минато, исто како што е веќе минато нивниот носител Никола Груевски. Груевски заедно со Никола Тодоров, токму овде на овој ден, на 2 јануари 2014 се шеташе покрај овие поставени тараби во Клиничкиот центар во Скопје и ви вети нов Клинички центар во Скопје до 2 јануари 2017 година. Денеска е 2 јануари 2017. Реалноста, како што гледате, се само тарабите - рече Шилегов.
