(ВИДЕО) Шекеринска трчаше за НАТО
„Сите сме обединети во желбата нашата земја да стане подобра, побезбедна, да стане попросперитетна. Денеска и симболично покажавме дека сиве овие години трчавме кон нашата заедничка цел, a тоа е НАТО членството и таа трка беше за жал потешка од денешната. Таа траеше подолго време и таа бараше многу напори и одрекување. Меѓутоа нашата држава стигна до целта. Покажавме дека сите сме обединети во желбата нашата земја да стане подобра, побезбедна, попросперитетна. Затоа трчавме кон НАТО и заради големиот напор и големата енергија, успеавме во оваа цел“, рече вицепремиерката Радмила Шекеринска денеска во Градскиот парк по одржувањето на НАТО – атлетската трка.
Симболичниот натпревар беше организиран од Министерството за одбрана, Армијата, Евроатлантскиот Совет и Атлетската федерација, по повод Неделата на НАТО и 70-годишнината од основањето на Алијансата.
Заедно со граѓаните, покрај министерката за одбрана, учествуваше и началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, евро-амбасадорот Самуел Жбогар, шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, полковникот Јанковиќ, припадници на Армијата и Министерството за одбрана.
