Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Видео) Шекеринска: Собранието нема да биде гласачка машина за власта

(Видео) Шекеринска: Собранието нема да биде гласачка машина за власта

Радмила Шекеринска на денешната прес конференција предложи воведување на отворени листи кои ќе гарантираат поголема одговорност на пратениците пред избирачите кои ќе им доверат можноста да владеат со нив, а со тоа ќе се спречат злоупотребите и претворање на Собранието за гласачка машина за потребите на власата.

- Имаме план во којшто јасно стои дека скратените процедури за носење на закони во Собранието се лоши процедури. Затоа ќе ја ограничиме употребата на оваа скратена постапка, и ќе ја направиме исклучок наместо правило. Собранието, т.е. неговиот претседател, ќе мора еднаш годишно да реферира пред законодавно-правната комисија, за тоа колку често се користеле скратените постапки, и од кои причини. Сметаме дека само со вакви мерки ќе можеме да ја вратиме, силата, значењето и довербата во Собранието на Република Македонија. Само на таков начин ќе имаме силно Собрание кое ќе биде во состојба да ја контролира извршната власт.

Шекеринска исто така порача дека ќе се врши контрола над патните трошоци на пратениците, а за поголема транспарентност и инклузија сите матични комисии ќе се отворат за граѓаните.


Слично

Поврзани вести