(ВИДЕО) Шекеринска: Грчкиот воен оркестар ја изведуваше македонската химна
Вицепремиерката Радмила Шекеринска на својот профил на Фејсбук тврди дека грчкиот воен оркестар ја изведувал македонската химна заедно со останатите по повод синоќешната свеченост за одбележивање на 70-годишнината од формирањето на НАТО.
„Воените оркестри на Армиите на Северна Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ги интонираа заедно химните на Северна Македонија и на НАТО.Заедно сме посилни“, напиша министерката за одбрана.
Ваквата реакција на Шекеринска следува по реакциите кои не стивнуваат од вторникот кога во Скопје официјално беше дочекан грчкиот премиер Алексис Ципрас и грчката владина делегација, но без интонирање на македонската химна.
Тоа беше објаснето со заштедување на време во протоколот по доцнењето на владиниот авион на Грција.
Во вторникот на изборната конвенција и кандидатот за претседател на владината коалиција Стево Пендаровски ги повика присутните во СРЦ „Борис Трајковски“ заедно да ја испеат химната.
