(ВИДЕО) СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО „ПУЛС“ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Го исвиркаа градоначалникот Венко Крстевски
Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, синоќа се соочи со револтот на семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, откако се појави кај сцената во Кочани каде требаше да има забавен дел од програма за празникот „Петровден“.
Причината за протестот е одлуката на Општина Кочани да организира музичка програма. Присутните, длабоко повредени од одлуката, му го свртеа грбот на Крстевски и го исвиркаа, и покрај тоа што тој објави дека концертот е откажан.
Слично
