Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕГА Е НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ: Жителот на Дреновци раскажа како се спасил откако мечката го нападна

(ВИДЕО) СЕГА Е НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ: Жителот на Дреновци раскажа како се спасил откако мечката го нападна

Првиот човек на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов,  разговараше со повредениот Цане Србиновски, 61-годишен жител на селото Дреновци во Општина Долнени, кого во неделата го нападна мечка.

Во болницата во Велес, му е пружена помош, а сега е на домашно лекување. 

„Ги терав говедата и одеднаш пред мене излезе мечката и со трчање накај мене, ме грабна за нога и јас паднав на грб. Јас со десната нога ја мавнав по глава, но таа пак ме дофати. Ми даде Господ сила и ја фатив за уши, ја држев половина час. Потоа ја турнав и станав. Таа ме гледаше. Јас отрчав до колибата и се здрвив“, рече човекот. 

Лани постар човек од Пласница исто се соочи со мечка во шума и таа го нападна. Ловците кои биле во близина пукале по што мечката избегала. 

фото ЦУК


Слично

Поврзани вести