Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се запали зграда во Чаир, станари завршија во болница

(ВИДЕО) Се запали зграда во Чаир, станари завршија во болница

Денеска претпладне се запали зграда во Чаир,по што најмалку шест лица кои вдишиле чад се пренесени во болница. Според медиумски информации, огнот избил во подрумските простории пред да се прошири. Во пожарот биле зафатена ипродавница и магацински простор.

Засега шест лица на скопските клиники побарале помош поради вдишување на чад. Екипите на противпожарната бригада и итната медицинска помош се на терен, а во меѓувреме е извршена итна евакуација на станарите. Станува збор за поголем објект од кој до рано утринава биле извлечени над 100 лица. Меѓу нив има и повредени лица соопшти итната медицинска помош.

Поради густиот чад оневозможено било станарите да бидат евакуирани од влезната врата на зградата па излегувале преку посебни скали монтирани на терасите и покривот на зградата.




Слично

Поврзани вести