(ВИДЕО) СЕ ЗАНИМАВАЛ СО МУЗИКА, БИЛ ПУБЛИЦИСТ: Кој е Африм Гаши?
Пратеникот Африм Гаши денеска со поддршка од 76 пратеници е избран за собраниски спикер.
Роден е во Скопје на 9 ноември 1977 година. Во политиката активно се вклучи во декември 2014 година како дел од движењето БЕСА, а тогаш стана пратеник во Собранието со мандат 2016-2020 година.
На 9 март 2019 година го ребрендираше името на партијата во Алтернатива, а практично до вчера беше лидер на оваа партија, но мораше претседателското столче да му го отстапи на сопартиецот Беким Сали поради кандидатурата за спикер во Собранието.
Основно и средно училиште завршил во Скопје. За време на средното медицинско образование се занимавал и со музика, а со својата хип-хоп група „Празни џебови“ учествувал на фестивали.
Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово во 2007 година, додека моментално е на постдипломски студии на Институтот за правни, социолошки и политички студии во Скопје, на насоката политички науки.
Извесен период работел и како уредник во „Логос-А“ во САД, а познат познат е и како публицист, активен со публицистички пишувања.
Во 2011 година го основал списанието „Шења“ и до 2014 година беше негов главен уредник. Од 2014 година е активен и во политиката.
Оженет е и татко на три деца.
