Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се вклучи аларм додека Ѓорѓе Иванов држеше говор во Австралија

(ВИДЕО) Се вклучи аларм додека Ѓорѓе Иванов држеше говор во Австралија

За време на говорот на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во Австралија се вклучи аларм по што настапот на поранешниот шеф на државата привремено оред иселениците мораше да биде прекинат, што може да се види од видеото кое го објави „Фаланга“.

Иванов деновиве е во посета на Австралија во организација на Македонската Добротворна Организација, а зборуваше на донаторската вечер.

Сред неговиот говор следуваше ненадејното вклучување на безбедносните сирени за опасност во „Plenty Ranges Arts and Convention Centre“, при што обезбедувањеро реагираше и ги замоли присутните да ја напуштат зградата. 

По проверката на службите и констатацијата дека се во ред, Иванов го продолжи говорот.


Слично

Поврзани вести