Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЕ СТРЕСЕ КАМЕРАТА: Земјотресот регистриран при пренос на фудбалски натпревар

(ВИДЕО) СЕ СТРЕСЕ КАМЕРАТА: Земјотресот регистриран при пренос на фудбалски натпревар

Потресот со јачина од 3.9 степени кој го стресе денеска Скопје е забележан и на  преносот на фудбалскиот натпревар меѓу Работнички и Пелистер.

Видеото се појави на социјалните мрежи. На него може да се забележи тресење на камерата. Коментаторот  забележува дека се работи за потрес.


Првично беше објавено дека станува збор за потрес од  3.4, а потоа ЕМСЦ се коригираше дека станува збор за 3.9 степени.  Во текот на денот имаше земјотрес со јачина од 2.7 степени во близина на Кичево. Потресот бил со епицентар на 14 километри од Кичево. Минатиот месец на територија на Македонија имаше повеќе земјотреси во Македонија. Се тресеа Галичник, Маврово, Дебар, Гостивар. 
Во текот на денот земјотреси имаше во соседна Албанија и Грција. 
Слично

Поврзани вести