ВИДЕО: Се сретнаа независниот и кандидатот на ДУИ за Кичево - Алили порача ,,Противник ни е само ВМРО”
Денес при прошетка во чаршијата во Кичево, се оствари срдечна средба помеѓу кандидатите за градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари (ДУИ) и Шкодран Алили (независен кандидат).
Краткото видео од средбата, на која е присутен и Али Ахмети, на својот ФБ профил го објави кандидатот Шкодран Алили со една единствена порака: Албанците во Кичево имаат само еден противник, кандидатот на ВМРО!
Во трката за градоначалник на Кичево има четворица кандидати: Фатмир Дехари, актуелен градоначалник во последниве 12 години Фатмир Лимани, кандидат на ВЛЕН и актуелен министер за социјална политика, Шкодран Алили, независен и Др. Александар Јовановски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак пораката на Шкодран Алили, која има националистички тон, прилично е збунувачка, бидејќи неосновано е некој да го етикетира Др. Александар Јовановски како единствен непријател на Албанците во Кичево, кога токму тој има сопруга Албанка, професорката Линдита, со која се родители на три деца.
