(ВИДЕО) Се собрале да „дрифтаат“ пред „Борис Трајковски“ додека Македонија тагува
Директорот на Вип-арена „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, вечерва објави видео од пред спортско-рекреативниот центар на кој, како што вели тој, имало собир за „дрифтање“ со автомобили.
Апостолоски го пријавил случајот во полиција и вели дека ова е срамота, бидејќи собирот бил пријавен како „снимање спот“ на ден кога има 59 загинати во Кочани.
„СРАМ И АРАМ!!!
На ваков тажен ден, кога цела земја плаче по 60 загинати деца, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила, а пријавиле „снимање спот". При тоа, причинети десетина судари и штети на паркингот на СЦ „Борис Трајковски".
Ова ниту сум го дозволил, ниту некогаш ќе го дозволам!
Благодарност до МВР и ПС Карпош за брзата реакција и растерување на овие несовесни граѓани, по пријавата од мене како директор на СЦ „Борис Трајковски".
Апел до сите граѓани да ги почитуваме деновите на жалост и да се однесуваме најчовечки. Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит.“, реагира директорот.
Слично
