Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Се протестира пред седиштето на ЕУ во Скопје-невкусни пораки до Хан

(ВИДЕО) Се протестира пред седиштето на ЕУ во Скопје-невкусни пораки до Хан

Паралелно со средбите на европските дипломати со политичките партии во Скопје се одржуваат протести.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се собра пред седиштето на ЕУ Инфо центарот во главниот град а пораката која тие му ја пренесоа на европскиот комесар за проширување и соседна политика Јоханес Хан е дека не е добредојден во земјава и да не се меша во домашните политики.

Поддршка на протестот му дадоа и вработените од фирмите на бизнисменот Сеад Кочан кој е во бегство и по него се трага со меѓународна потерница.

Иако се најавуваше масовен протест засега бројките на излезени протестанти се мали.



Видео: ТВ24

Граѓанската иницијатива деновиве доби поддршка и од дијаспората од Германија.

Еве каква беше атмосферата таму:


Слично

Поврзани вести