ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка
Директорот на „Железници“, Синиша Ивановски, кој при најавата за реконструкција на скопската Железничка станица најави целосно отстранување на билбордите, преку социјалните мрежи сподели видео на кое се гледа како процесот е почнат.
„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје! Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата“, вели Ивановски.
Додаде дека се работи за фазен процес кој ќе заврши со генералка на надворешниот изглед.
„Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација. Благодарност до одговорните компании кои ја сфатија важноста на овој процес и се согласија за отстранување на нивните билборди“, додаде Ивановски.
Слично
