Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Руси за патување во Македонија се информирале со Chat-GPT и „заглавија“ во Истанбул

(ВИДЕО) Руси за патување во Македонија се информирале со Chat-GPT и „заглавија“ во Истанбул

Семејство од Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Chat-GPT дека за влез во Македонија на руските граѓани не им требаат визи.

Мажот, заедно со неговата сопруга и дете, купил билети од Истанбул до Скопје и резервирал хотели и изнајмување автомобил во Македонија.

Пред патувањето, наместо да консултира официјални дипломатски извори тој ја прашал алатката за вештачка интелигенција за барањата за виза и му било одоворено дека за руски државјани не е потребна виза за влез во Македонија. Всушност, на руските државјани им е потребна виза за влез во Македонија. Русинот им го покажал на аеродромските службеници одговорот од Chat-GPT, но тоа не му помогнало и не го продолжиле патот за Македонија. 


Слично

Поврзани вести