Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Прво издание на Фактор24, еве што ќе гледате во новиот ТВ продукт

Видео: Прво издание на Фактор24, еве што ќе гледате во новиот ТВ продукт

Телевизискиот простор се збогатува со нова политичко-економска емисија која ќе ги обработува актуелните општествени теми со аналитички пристап и непристрасност во претставувањето на фактите и аргументите. 

Вечерва стартува Фактор24, новиот ТВ магазин подготвен од тимот на faktor.mk Гледајте вечерва од 23 часот. 

Во премиерното издание на Фактор24 мислења на професорите Трајко Славески, Јасна Бачовска и Ило Трајковски за актуелната општествена криза, а фотографи и ПР експерти со анализа на емоциите на политичарите во изборната кампања. „Дали сме лудаци“ ќе ни открие Сашо Кокаланов. 

Ќе може да ја погледнете и „Факторизација“ новата ТВ колумна која ќе се осврнува на сите жешки теми на креативен и сатиричен начин, како и уште многу други содржини

Фактор24 ќе се емитува секоја среда на ТВ 24 Вести. Следете не.



Слично

Поврзани вести