Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата

(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата

МВР објави дека е пронајден убиецот на жената кој потоа го закопал нејзиниот труп во гостиварско. Неговата сопруга Ѓ.В.(48) во службен разговор во полициска станица, признала дека нејзиниот сопруг С.М. (53) со пиштол ја убил Х.А.(53) а го посочила и местото каде е закопана. 

Уапсен е С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, кој ја убил Х.А.(53) од село Равен, гостиварско. Претходно, синот на убиената, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка , се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. 
„ Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.

По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025“, објави МВР.

После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.


Слично

Поврзани вести