ВИДЕО: Приведено момче што шета миленик, Чулев води истрага
На социјалните мрежи се појави попладнево видео на кое се гледа како полициски службеници приведуваат момче што го шета својот миленик. Видеото предизвика лавина од коментари и негодувања.
За настанот с еогласи министерот за внтарешни работи Наќе Чулев
„Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници, a за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста.
Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот.
