Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Престрелка во Чаир однесе во смрт едно лице, напаѓачот во бегство

(ВИДЕО) Престрелка во Чаир однесе во смрт едно лице, напаѓачот во бегство

Пукотници и убиство вчера го потресоа скопски Чаир.

Престрелката на улица „Лазо Трповски“ го однесе во смрт лицето Исмет Арифи додека Ќемал Лусјани со прострелна рана е префрлен во градската болница.

Засега она што се шпекулира во јавноста е дека напаѓачот е во бегство а убиениот имал криминално досие.

Мотивот за убиството не е познат.

Неофицијално дел од медиумите пишуваат дека престрелката се случила меѓу две групи, а причината најверојатно се нерасчистени сметки поврзани со трговија на дрога.

Официјални информации за случајот се очекуваат од МВР во текот на денов.


Слично

Поврзани вести