ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО Премиерот лично праша колку пари треба, вели еден од родителите на загинатите од Кочани

ВИДЕО Премиерот лично праша колку пари треба, вели еден од родителите на загинатите од Кочани

Драги Стојанов, родител на едно од загинатите деца во пожарот во „Пулс“ во Кочани вели дека премиерот Христијан Мицкоски лично ги прашал колку пари треба да им се дадат.

„Премиерот лично не праша: Кажете колку пари треба. Моето дете 21 година загина, и 10 милиони евра да ми даде не ми требаат, нека си ги земе за него. Цело време не убедуваше дека тој бил крив. И прво кога дојде рече „Мојата глава ја бараат и од надвор и од внатре“. Ако лажам, ете, нека ги пуштат снимките, само да не ги скратат, да не ги скријат, кај нас и тоа се случува“, рече Стојанов. 

Тој кажа дека Мицкоски ветил дека ако треба, секоја сабота ќе доаѓал во Кочани, но не го сторил тоа.

„Ако еден човек е чист, исправен, мислам ќе дојде на гробишта, ќе запали свеќа. Ниеден од владата не дојде на гробишта. Доаѓаат избори, ќе почнат да не уценуваат или да ни влегуваат под кожата. Сега ќе ме обвинат, ќе речат овој е член на СДС. Јас сакам да кажам, јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година, од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, јас сум член. Јас кога сум бил член на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски можеби не знаел што е тоа ВМРО. Благодарение на мене и на тие како мене, успеавме да го воскреснеме ВМРО. Тие после 30 години, нас не газат“, посочи Стојанов.


ad
Слично

Поврзани вести