(ВИДЕО) ПРАТЕНИКОТ ПЕТРУШЕВСКИ ОБЈАВИ СНИМКА ОД ТЕПАЧКАТА: Вели дека Крива Паланка е запоседната од насилниците и криминалците
Се појави видео од тепачката која се случила во Крива Паланка.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски обвини дека Крива Паланка е запоседната од насилниците и криминалците. Тој на социјалните мрежи објави снимка од настанот.
„Пред кафе барот Селект во Крива Паланка, кој е во сопственост на градоначалникот Сашко Митовски, околу 1 часот по полноќ се случила масовна тепачка, во која десетина лица се здобиле со тешки телесни повреди и се хоспитализирани. Тепачката ја предизвикал и во неа учествувал и братот на градоначалникот. Инаку, градоначалникот Сашко Митовски во јануари годинава физички нападна полицаец, за што сѐ уште нема одговорност“, рече Петрушевски.

Како што потврди полицијата, во 01.15 часот по полноќ, во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на улицата „Јоаким Осоговски” во Крива Паланка дошло до физичка пресметка помеѓу повеќе лица.
