Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пратеник сакал да истепа колешка во Собранието?

(ВИДЕО) Пратеник сакал да истепа колешка во Собранието?

Пратеничката од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ кажа дека вчера имало обид за физичка пресметка меѓу пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Жалкина Лазаревска. Тврди дека пратеникот сакал да ја нападне колешката. 

Таа рече дека во Собранието имало коментари полни со сексизам и шовинизам. 

„Вчера се случи еден таков испад, кој сакам да остане запишан во стенограмите на Собранието затоа што не беше говор на омраза туку беше обид за физичка пресметка со колешката Жалкина Лазаревска, не само вербален атак, туку обид за физичка пресметка со жена пратеничка“, вели Шкријељ.


Рече дека колегата што го направи тоа не најде доблест јавно да се извини. Шкријељ наведе дека ако во бројките има исчекор, односно има повеќе жени пратенички, во храмот на демократијата тоа не се чувствува. 

„Бројките за жал не ја следат промената на културата“, рече пратеничката. 

Во македонското Собрание во минатото имаше повеќе инциденти. Лани за малку ќе се случеше тепачка меѓу Димитар Апасиев од Левица и Мартин Костовски од СДСМ. Арбер Адеми од ДУИ на комисија маваше по своите колеги со филџан и со шише со вода. 

Слично

Поврзани вести