(ВИДЕО) ПРАТЕНИК ОД „ВРЕДИ“: Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава
Ако Македонија не ги направи уставните измени, тогаш не треба да постои како држава, ако нема перспектива за членство во Европската Унија, не треба да постои како држава, изјави пратеникот на Вреди, Ријад Шаќири.
Ова е негов став во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот. Засега Македонија не направи уставни измени, иако тоа е услов за да продолжи по европски пат.Претходно, политичарите Албанци споменаа дека Албанците не можат да бидат заложници и дека дел од општините можат сами да го побараат патот кон ЕУ.
Слично
