(ВИДЕО) Познат бизнисмен од Емиратите објави видео од Македонија
Познатиот бизнисмен од Емиратите, Мохамед Алабар објави видео од Македонија. На видеото се гледа како тој се шета по Широк Сокак во Битола.
„Северна Македонија - земја на Александар Велики. Нација со античка историја, обликувана од реки, планини и бујни долини, е дефинирана пред сè од топлината на својот народ и великодушноста на нивното гостопримство“, стои во објавата на Инстаграм.
Во видеото се покажани и кадри од Матка, Охрид и други локации во земјава.
Тој е познат по основањето на „Емар Пропертис“, компанија за развој на недвижности вклучена во проекти како што се Бурџ Калифа и трговскиот центар Дубаи. Тој е исто така основач и претседател на „Игл Хилс“, компанија за приватни инвестиции и развој на недвижности со седиште во Абу Даби.
Дополнително, Алабар ја основал „noon.com“, платформа за е-трговија и е претседател на „Американа Груп“, компанија за храна. Toj веќе најави дека планира да го шири бизнисот во Европа. Негови компании веќе инвестирале во регионот.
фото принтскрин
