Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пожарот во делчевско почнал од фурна за леб-изгореа домови, шума и пасишта

(ВИДЕО) Пожарот во делчевско почнал од фурна за леб-изгореа домови, шума и пасишта

Се уште тлее пожарот над општина Делчево кој вчера ги зафати селата Драмче, Киселица и Селник.


Огромна штета предизвика пожарот кој според надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување започнал од куќа во Стамболиското маало од фурна за леб а силниот ветер и сува трева го прошириле  кон блиската борова шума од каде зафаќа голема површина во двете делчевски села Драмче и Селник. 


Во гаснење на пожарот морале да интервенираат и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување а имало моменти каде поради непристапност на теренот беше оневозможено функционирање на механизираните екипи.

Пожарот се уште гори, не се знае точно колкава површина е опожарена а во гаснењето на пожарот кое продолжи утрово покрај ТППЕ Делчево и М.Каменица, екипи на ЈПШС Голак Делчево, ЈПКД Брегалница се вклучени и граѓани доброволци.



Слично

Поврзани вести