(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО СВЕТИНИКОЛСКО: Изгореа куќи во Орел и Немањици
Изгореа неколку куќи во селата Орел и Немањици во околината на Свети Николе.
Со огнот се борат пожарникари од ТППЕ Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух.
Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев вели дека во селото Немањици има околу 50 жители, но во него има и викендици.
Директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов изјави дека денеска имало три пожари на отворено во Свети Николе. Пожари има и во кумановско, Старо Нагоричане, Демир Хисар и во други делови на Македонија.
Слично
