Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ИЗБИЈА ВО ВАЛАНДОВСКО И ДОЈРАНСКО: Полициски хеликоптер ќе помогне од воздух

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ИЗБИЈА ВО ВАЛАНДОВСКО И ДОЈРАНСКО: Полициски хеликоптер ќе помогне од воздух

Од Центарот за управување со кризи(ЦУК) информираат за два нови пожари кои избувнале попладнево. Првиот во валандовско, вториот во дојранско.

Пожар кај с. Марвинци, Валандово:

Гори сува трева и ниски грмушки. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

Пожар кај селото Фурка, Дојран:

Гори сува трева и ниска грмушка. На терен се излезени:

ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и тројца пожарникари

ДППД Дојран со едно противпожарно возило и тројца пожарникари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) процесуираше барање до Министерството за внатрешни работи (МВР) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за воздушна поддршка при гаснење на пожарот. МВР ќе упати хеликоптер за интервенирање од воздух.


Слично

Поврзани вести