(ВИДЕО) ПОЖАРИ ИМА ВО 12 СЕЛА: Изгореа постари куќи
Дванаесет села се зафатени со пожарите на отворено, информира директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов.
Пожари денеска избија во неколку села и тоа на територијата на Општина Куманово, три села каде имало претежно викендици. Во овие села според Ангелов се изгорени неколку куќи, кои биле претежно стари.
Пожар има и на територијата на Општина Старо Нагоричане и таму со огнот се зафатени три села. И во овие села според директорот на ЦУК имало малку жители и претежно стари куќи. И на територијата на Општина Свети Николе се зафатени три села. Во дел од овие села имало стари, но и нови куќи кои биле зафатени од пожарите.
Пожар има и на територијата на Пробиштип и Штип, каде е зафатено селото Караорман, кое како што вели Ангелов е живо село, полно со луѓе.
Во Кокошиње, кумановско, постар човек се задуши од чад и почина.
