Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пожар зафати викендички кај Штип, има еден повреден

(ВИДЕО) Пожар зафати викендички кај Штип, има еден повреден

Пожар се шири над штипско Ново Село.

Граѓаните бараат од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов, како и од сите надлежни служби, под итно да бидат ангажирани авионите и хеликоптерите за гаснење на пожарот од воздух.

Огнот веќе зафатил викендички и се движи низ исклучително непристапен терен каде што речиси е невозможно да се интервенира со возила.

Ангелов информира дека веќе дејствува „ер трактор“ на ДЗС во гаснењето на пожарот над штипско Ново Село.

„Веќе дејствува ер трактор на ДЗС. Има повредено лице, сопственик на викендица. Набргу ќе бидам на лице место“, напиша Ангелов.

Тој соопшти и дека има повредено лице, сопственик на викендица зафатена од пожарот.

Вчера имаше голем пожар над Штип.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести