(ВИДЕО) ПОЖАР ВО КУМАНОВО: Изгоре напуштена куќа
Изгоре напуштена куќа на улицата Моша Пијаде во Куманово, во централно градско подрачје. Две противпожарни возила и осуммина пожарникари се на терен, а полицијата ја затворила улицата за движење.
„Пожарот е под контрола. Се работи на негово целосно локализирање и гасење“, вели командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.На видеото што се споделува на социјалните мрежи се слуша како граѓани изразуваат револт затоа што огнот се заканува да зафати и соседни објекти.
фото принтскрин
Слично
