Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пожар се шири на падините на планината Огражден, постои опасност за црквата „Св.Петар и Павле“

(ВИДЕО) Пожар се шири на падините на планината Огражден, постои опасност за црквата  „Св.Петар и Павле“

Голем шумски пожар избувна во атарот на селото Бајково, во Општина Ново Село, на падините на планината Огражден.

Поради опасноста пожарот да се прошири и да ја загрози црквата „Св.Петар и Павле“, во гаснењето ќе се вклучат два ер трактора на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС). 

На терен веќе интервенираат струмичките пожарникари, доброволците од Доброволното противпожарно друштво „Рис“, како и повеќе граѓани кои помагаат во заштитата на црквата од огнената стихија.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести