(ВИДЕО) Пожар пеплоса објект на Машката плажа во Струга
Попладнево на „Машката плажа“ во Струга избувнал пожар.
Во пожарот целосно изгорел објект во кој што се чувале кајчиња.
Противпожарната бригада интервенирала на местото на настанот со две возила на противпожарната единица и тринаесет пожарникари.
Од Противпожарната единица во Струга соопштија дека повредени нема, но е причинеата голема материјална штета.
Густиот чад од опожарениот објект се гледал и од Охрид.
Слично
