Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пожар избувна кај Зелен пазар во Скопје

(ВИДЕО) Пожар избувна кај Зелен пазар во Скопје

Огромен пожар избувна пред полноќ во центарот на Скопјe, во близина на Зелениот пазар. Пожарот зафати неколку паркирани возила, додека пламените јазици брзо се прошириле и зафатиле дел од блискиот пазар, јавува ТВ21.

Жителите во областа се загрижени поради чадот и експлозиите што се слушаат од запалените возила.

На местото на настанот пристигнале три противпожарни возила, кои успеале да го стават пожарот под контрола. Полицијата е исто така присутна на местото на настанот.

За среќа, нема повредени, но материјалната штета е значителна. Очекуваме властите да дадат повеќе информации во следните неколку дена. 


Слично

Поврзани вести