(ВИДЕО) Пожар има и во околината на Ваксинце
Пожарот кај селото Бељаковце се разгорува, а гори и кај Ваксинце.
„Пожарот во Старо Нагоричане е активен во атарот на с.Бељаковце и под дејство на ветрот се разгорува. Овој крак не успеавме да го изгаснеме и покрај дејствувањето на полицискиот хеликоптер кој се повлече поради тоа што веќе не се гледа. Ќе се обидеме со пожарникари да се пробиеме и да го изгаснеме, но не сум оптимист“, информираше директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов.
Ангелов информираше и дека кај Ваксинце има два пожари од кои едниот сериозен. Гори голема површина со трева.
Слично
