Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Повторно кошкање со полиција во Чашка поради албанската паралелка

(ВИДЕО) Повторно кошкање со полиција во Чашка поради албанската паралелка

Денеска повторно имало кошкање со полицијата од страна на локалните жители во Чашка, каде што населението етнички е чисто македонско и не сака албанска паралелка во основното училиште „Тодор Јанев“ во кое треба д аучат и деца од околните села.

Денеска повторно се судрија полицијата и родителите кои вчера и денес го продолжија протестот, почнат уште во првото полугодие, против, како што велат, „незаконско воведување паралелка на албански јазик во училиштето, незаконско назначување на в.д директорката и незаконски огласи за вработувања“ .

Во ова населено место веќе неколку пати локалното население се судрува со полицијата, особено кога директорката на училиштето доаѓа на работа.

Второто полугодие во ова училиште воопшто не почна. Советот на родители бара итна оставка на в.д.директорката Елена Николова и поништување на огласите за вработувања. 

Во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка нема настава од 22 ноември, кога родителите почнаа да протестираат, а учениците да губат часови.

Според родителите Македонци - министерот за образование Јетон Шаќири насилно и притивзаконски сака да отвори албанска паралелка.


Слично

Поврзани вести