(ВИДЕО) Повеќе лица го нападнале Стевче Јакимовски и неговиот син
Група луѓе синоќа се обиделе насилно да упаднат во централниот штаб на партијата ГРОМ, кој се наоѓа на улицата „Рузвелтова“ во скопски Карпош.
Тие физички ги нападнале и кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевче Јакимовски, и неговиот син.
Јакимовски претходно јавно го призна поразот во Карпош и му ја честита победата на противкандидатот, Стефан Богоев од СДСМ. СДСМ Карпош го осудува насилството и синоќешниот инцидент пред штабот на политичката партија ГРОМ. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Слично
