(ВИДЕО) Поранешната менаџерка на Тоше Проески со огромни плантажи лаванда, се уште не може да најде мир
По сообраќајната несреќа во која загина Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ целосно се повлече од јавниот живот и започна да одгледува лаванда.
Петровиќ скоро никогаш не се појавува во јавноста, а во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва (линк од видео), таа се приклучи во програмата од нејзината плантажа со лаванда, која започна да расте по смртта на Тоше Проески.
Домаќинот ја праша дали најде мир на плантажата, а Петровиќ одговори дека е изненадена од тоа прашање, бидејќи по она што се случи, не е можно да се најде мир.
Да потсетиме, Тоше Проески почина на 16 октомври 2007 година на автопатот А3, на патот од Скопје кон Загреб. Автомобил управуван од Ѓорги Георгијевски удри во камион откако возачот заспал зад воланот.
Менаџерката, која во тоа време беше полесно повредена, спиеше во моментот на несреќата, исто како и Тоше. Сепак, тој за жал почина на самото место како резултат на повреда на 'рбетот.
