(ВИДЕО) „ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ“: Томовски кажа дека колите на министрите нема да имаат црвени таблици
Колите на министрите нема да имаат црвени таблички бидејќи така советувале од АНБ и МВР. Ова го потврди директорот на СОЗР, Ивица Томовски во емисијата 360 степени.
„Владините возила не се обележани поради безбедносни причини и ќе видиме дали во иднина ќе бидат обележани или не, но сепак се работи за 45 возила кои ги знаат сите во државата“, рече тој.
Вели дека ќе останат необележани и возилата на УЈП и на инспекциите, а кои не треба да бидат забележани при контроли или затворање на локали.
Слично
