(ВИДЕО) ПОПЛАВА ВО ЉУБОЈНО: Улиците полни со вода
Вчера попладне, силно невреме го зафати преспанското село Љубојно, заради кое селото беше поплавено.
Локалното население вели дека половина час дождот паѓал со силен интензитет, а имало и град. Како последица на поројните дождови, патот кон шумата е раскопан, кој, како што велат тие бил нарушен од камионите што носат дрва од шумата.
Населението веќе една недела протестира за да ја запре сечата на дрва кај манастирот во непосредна близина на селото. На социјалните мрежи предупредуваат дека со сечата на шумата се загрозува целото село.
„Се врши гола сеча на шумата над селото во непосредна близина на резерварот за вода, во еден прекрасен шумски предел. Сечењето на шумата не само што може да доведе до загадување на водата, туку и да доведе до поплави и одрони кои се директна закан за селото. Месното население со децении го чува овој зелен појас“, објавено е на социјалните мрежи.
Од Владата, со објаснување дека сечата е регуларна и дека истата се спроведува од страна на шумско-стопанската единица „Пелистер - Брајчино“:
„Дабот има сечна зрелост согласно сите научни принципи. Оваа сеча е само една од стотиците во Македонија, спроведена по закон и со целосна контрола. Направен е премер од стручни лица, изготвен е план рецензиран од комисија, кој е одобрен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, велат од Владата.
