(ВИДЕО) Полицијата спречи девојка да скокне од прозорец во мотел во Тетово
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да сe самоубие, откако ја затекнале на работ од прозорец во мотел во Тетово.
По наредба на јавен обвинител, полициските службеници ја отвориле вратата од собата со употреба на сила и ја спречија девојка да си го одземе животот.
Девојката е пренесена во Клиничката болница во Тетово каде ѝ е укажана лекарска помош.
Лицето Л.К. е приведено поради сомнение за посредување при вршење проституција. Во интервенцијата, еден полициски службеник е полесно повреден.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежните органи.
Слично
