Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицијата откри мини лабораторија за масло од канабис - уапсени се три лица

(ВИДЕО) Полицијата откри мини лабораторија за масло од канабис - уапсени се три лица

Во Визбегово e пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, a уапсени се три лица, информира полицијата. 

Единицата за недозволена трговија со дрога денеска околу 15 часот, извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена е мини лабораторија за производство на масло од канабис. 

Претресите се направени во домот и други простории на 38-годишниот И. П., а во дворното место имало стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла. 

Некои од нив биле во помошните простории во фаза на сушење. 

Затекнати се и две други лица, од кои едното П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г. Ј. (39).

Извршени се претреси и во домот на Г.Ј., каде е  пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис.


Слично

Поврзани вести