Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицијата го уапси мажот што ги запали возилата на бугарската амбасада во Скопје

(ВИДЕО) Полицијата го уапси мажот што ги запали возилата на бугарската амбасада во Скопје

Полицијата го уапси мажот што денеска ги запали возилата на бугарската амбасада во Скопје.

Веднаш по пријавата за пожарот, која е примена денеска во 12:13 часот, полициските служеници на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје презеле интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

„Во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица“, се вели во полициското соопштение за случајот.

Пронајдена е и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото.

Од МВР соопштија и дека во кооридинација со јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести