Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицајци во Куманово спасија девојка која сакаше да се самоубие

(ВИДЕО) Полицајци во Куманово спасија девојка која сакаше да се самоубие

Видео на кое се гледа како неколкумина полицајци со крајни напори спасуваат девојка која сакала да скокне од покрив на зграда во Куманово, е објавена на социјалните мрежи.

На видеото снимено од минувач, кое го објави ФБ-страницата „Без цензура“, се гледа како девојката се држи за работ од покривот на зградата, која е дел од затворената фабрика „Житомел“ во градот. 

Според кумановската полиција, драматичниот настан се случил пред два дена, а девојката која се обидела да се самоубие, по успешното спасување, била пренесена во Итната медицинска помош.


Слично

Поврзани вести