Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Пола Влада на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина

(ВИДЕО) Пола Влада на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина

Првиот вицепремиер Артан Груби објави видео од своето присуство на стадионот „Фадил вокри“ во приштина, каде што косовскиот „Балкани“ го пречека македонскиот фудбалски првак „Шкупи“.

Од видеото може да се забележи дека со Груби се и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за информатичко опшетство и администрација Јетон Шакири.

Фудбалерите на Шкупи вчера беа поразени од дебитантот Балкани (1:0) и со севкупен резултат од 3:1 се елиминирани од плеј-офот за Конференциската лига.

Инаку Груби е страстен навивач на скопскиот фудбалски клуб Шкупи и често ги следи неговите натпревари.


Слично

Поврзани вести