Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот

(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот

МВР објави дека врз основа на снимка од социјалните мрежи, пронајден е возачот кој денеска го загрози сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка, така што му паѓаа градежни остатоци од камионот.
Изречена му е прекршочна санкција и наложено му е да го исчисти патот

„Во врска со објавата на социјалните мрежи, каде се гледа како возач на камион со несоодветно однесување го загрозува движењето на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Куманово - Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово преземени се мерки по што е пронајден возачот С.С. од Куманово“, информира полицијата.

На С.С. му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници.


Слично

Поврзани вести